Thursday, December 15, 2011

* Правилa за игра

Одбојката е спорт кој се игра помеѓу две екипи на терен поделен со мрежа.Целта на играта е топката да се префрли преку мрежата и да падне во противничкото поле, а воедно да се спречи таква акција од страна на противничката екипа. Екипата има право на три контакти за враќање на топката (со исклучок на блокот).Топката се фрла во игра со сервис преку мрежа во противничкото поле. Надигрувањето продолжува додека топката не падне во полето за замени, оди во аут или ако екипата не успее да ја врати на правилен начин. Во одбојката екипата победува во надигрувањето со освојување на поен. Ако екипата која е на прием на сервисот победи во надигрувањето, таа добива поен и да сервира, а играчите од таа екипа се поместуваат за едно место во правец на движење на стрелките на часовникот. Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.

No comments:

Post a Comment