Thursday, December 15, 2011

*Одбојка на плажа



Одбојката на плажа започна да се игра во Санта Моника, Калифорнија во 20 - тите години на дваесеттиот век. Декада подоцна, одбојката на плажа се јави и во Европа.  До 1940г., турнири во двојки за трофеи биле организирани на плажите на Санта Моника. Во 1960г., беше направен обид да се започне професионална одбојкарска лига во Санта Моника, беше неуспешен, но беше одржан професионален турнир во Франција за 30.000 француски франци.
На 9 февруари 1895 година, во Holyoke, Масачусетс (САД), Вилијам Г. Морган, наставник на YMCA по физичко образование, 
создаде нова игра наречена Mintonette како поминување на времето да се одигра во затворен простор по можност и со кој било број на играчи. Играта зела некои од карактеристиките
од тенис и ракомет. Уште еден затворен спорт, кошарка, беше создаден во таа област, на само десет милји (шеснаесет километри) оддалеченост во градот Спрингфилд, 
Масачусетс, пред само четири години. 
Mintonette беше дизајниран за да биде затворен спорт помалку груб од кошарката запостарите членови на YMCA.

Првото правило, запишано од страна на Вилијам Г. Морган, е мрежа 1,98 m висока, игралиште 25 × 50 метри (7.6 × 15,2 м) , како и било кој број наиграчи. А натпреварот беше составен од девет времиња за игра со три серви за секој тим за секое време и нема лимит на бројот на контакти со топката за секој тим пред испраќање на топката на противниците. Во случај на  грешка на сервата втор обид беше дозволен. 
Удирање на топката во мрежата се смета за грешка освен во случај на прв обид на серва.
Додека историјатот на одбојка на плажа е релативно долг, спортот (на професионално ниво) остана непознат сé до доцните 90 - ти и 2000 година кога  одбојката на плажа доживеа бран на популарност благодарејќи на големото медиумско покривање и развојот на вистинските ѕвезди како ас Kerri Walsh and Misty Mas, кои се познати ширум светот.
Со декади, двете нации кои доминираа во интернационалната одбојка на плажа се Бразил и Сад. Неодамна, Австралија се појави како далечна трета суперсила и сите три имаат многу добро развиени национални турнеи кои вообичаено се одржуваат во лето. Понатаму ова се единствените три земји кои добиле златен медал на Олимписките игри од дебито на одбојката на плажа во 1996г. Поточно во случајот на попопуларната женска игра одбојка на плажа, секоја држава има победено по еднаш, Бразилијанките во 1996, Австралијанките во 2000 и Американките во 2004 година. Други земји како Грција, Германија и Кина се развија како добри играчи и противници.


No comments:

Post a Comment